Собраниска расправа за избор на Пенов за министер за локална самоуправа
Ристо Пенов се враќа во политиката.Вво законодавниот дом, собраниска расправа за негово именување за нов министер за локална самоуправа, на местото на Горан Милевски. Премиерот Ковачевски вели, дадовме одличен предлог. Опозицијата критикува, државата се соочува со криза, а власта нуди истрошени кадри...

Ристо Пенов е одличен предлог за министер за локална самоуправа, ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење, вака премиерот Ковачевски пред пратениците го бранеше неговиот избор. Според него, Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, резултати и успех, но и за скромност и чесност. Мнозинството согласно со ваквите констатации. Од СДСМ ја повикаа опозицијата да не го блокира парламентот.
Опозицијата праша, што е тоа што Пенов може да го подобри во Владата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, државата се соочува со криза на енергетски, економски и социјален план, а Ковачевски предлага истрошени кадри од некои поранешни времиња.
Пенов на функцијата доаѓа на местото на неговиот сопартиец Горан Милевски, кој поднесе оставка од функцијата од како што наведе, лични причини.
Игор Панов
