Свет

Најмалку десетмина загинати во Египет при судар на камион и минибус

25.10.2022 16:58

Локалните медиуми објавија дека во несреќата има загинати жени и деца од исто семејство, од блиската провинција Гарбија. Илјадници лица гинат во сообраќајни несреќи во Египет, последица најчесто на пребрзо возење, лоши патишта или неспроведување на легислативата што го уредува сообраќајот...

Најмалку десет лица, меѓу кои жени и деца, загинаа во Египет при судар на камион и минибус, соопштија властите.

Најмалку девет лица се повредени во сударот што се случи во провинцијата Дакалија, на околу 150 километри од Каиро, на автопатот што го поврзува главниот град на провинцијата Мансуру со градот Гамаса на брегот на Средоземното Море.

Локалните медиуми објавија дека во несреќата има загинати жени и деца од исто семејство, од блиската провинција Гарбија.

Илјадници лица гинат во сообраќајни несреќи во Египет, последица најчесто на пребрзо возење, лоши патишта или неспроведување на легислативата што го уредува сообраќајот.