Македонија

Останува зимското сметање на времето

25.10.2022 18:20

Од Владата информираат дека анализите подготвени од Министерството за економија покажале дека треба да остане долгогодишниот систем за промена на времето...

Нема да има промени во сметањето на времето, граѓаните овој викенд, ноќта меѓу 29-ти и 30-ти октомври повторно ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад, односно во недела во 3 часот наутро ќе се смета дека е 2 часот.

Од Владата појаснија дека по направените анализи, констатирано е дека задржувањето на летното сметање на времето не само што нема да донесе заштеди, туку ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија.

Владата анализираше, дали Македонија би можела да биде меѓу првите држави во Европа која ќе остане на летното сметање на времето, за тоа да помогне да се заштеди електрична енергија. Доколку останевме на летното сметање на времето би се стемнувало еден час подоцна, односно работниот ден со природна светлина би бил за 60 минути подолг.