Киев ги повика бегалците зимата да ја поминат во странство
„Ако имате можност, останете и поминете ја зимата надвор од земјата”, изјави заменик-премиерката Ирина Верешчук на националната телевизија. Таа посочи дека поради руските напади, енергетските системи во земјата не се нестабилни...

Украинските власти денеска ги повикаа бегалците кои поради војната ја напуштиле земјата, да не се враќаат дома зимава поради оштетувањата на системите за снабдување со електричната мрежа и на инсталациите за затоплување.
„Ако имате можност, останете и поминете ја зимата надвор од земјата”, изјави заменик-премиерката Ирина Верешчук на националната телевизија.
Таа посочи дека поради руските напади, енергетските системи во земјата не се нестабилни.
Од 10-ти октомври руската армија почна да користи ракети и беспилотни летала за напади врз инфраструктурни објекти, како инсталации за електрична енергија и топлани за греење.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, од почеткот на руската инвазија во европските земји се регистрирале 7,7 милиони бегалци од Украина.
