Дербито во вторник!
Политиката не се меша во спортот, но ги диктира општите услови, па Македонската кошаркарска федерација го прифати барањето на Министерството за внатрешни работи да го одложи дербито меѓу работнички и МЗТ Скопје.

Наместо утре, вечните ривали ќе играат во вторник од 17 и 30 со пренос на Македонската телевизија. Презакажани се и другите средби од шестото суперлигашко коло, па на средина од оваа натпреварувачка фаза од шампионатот, екипите ќе добијат неколку слободни денови за дополнителна свежина. Македонските кошаркари што настапуваат на домашната сцена, пак, решија да формираат здружение коешто ќе ги застапува нивните права. Претседател ќе биде Александар Костовски од МЗТ Скопје, а негов заменик Јане Петровски од Работнички. Идејата е да се намали бројот на странски играчи во нашето првенство.
