Умерен напредок во земјоделството
Северна Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој. Постигнат е одреден напредок, особено со донесувањето на националната стратегија за земјоделство и рурален развој и со усогласување со правилата на ЕУ за заедничка организација на пазарот. Ова се дел од заклучоците во извештајот на Европската комисија за 2021 година...

Во наредната година, според извештајот на Европската комисија, особено треба да се зголеми раздвојувањето на директните плаќања и пренесувањето на регистарот на земјоделски стопанства и системот за идентификација на земјишни парцели на Платежната агенција.
Потребно е да се донесе и законска рамка за понатамошно усогласување со правото на Унијата во заедничката организација на пазарот и да се вработи квалификуван персонал во структурите на ИПАРД програмата.
Се напоменува дека поедноставувањето на административниот и контролниот систем на Платежната агенција сè уште не се целосно завршени.
Европската комисија смета дека треба повеќе да се направи за прилагодување на советодавните услуги на земјоделските стопанства со Европското законодавство. Советодавната Агенцијата треба да се зајакне. Сеуште е со недоволен кадар и е недоволно финансирана за поддршка на развојот на земјоделството.
Во извештајот на Европската комисија се вели и дека е постигнат добар напредок во користење на фондовите од ИПАРД II, но сè уште е потребно усогласување со законодавството на ЕУ во делот на националната политика за рурален развој.
Методија Трајков
