Евроинтеграции

Фон дер Лајен во посета на Скопје

26.10.2022 07:58

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен денеска ќе пристигне во посета на земјава со што ја започнува мини турнејата по земјите од Западен Балкан...

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, попладне доаѓа во посета на земјава, во рамките на нејзината балканска турнеја. Се очекува да го претстави финансискиот пакет за справување со енергетската криза.

Премиерот Ковачевски ќе ја пречека пред платото на владата, по што ќе имаат прес-конференција.

На 19-ти октомври, министерот за економија Бектеши, го потпиша писмото со барање помош од Брисел за справување со последиците од енергетската криза.

Определени се милијарда евра. 500 милиони ќе бидат за заедничка регионална поддршка, но, сè уште не е познато колку ќе добие секоја од земјите во Западен Балкан.

До крајот на неделава, Фон дер Лајен, ќе ги посети уште Косово, Албанија, Босна, Србија и Црна Гора. Од Европската комисија велат дека целта на нејзината посета е да се покаже дека регионот е важен за Европската Унија.