Бугарија
Бугарскиот претседател ја почнува серијата консултации за состав на новата влада
26.10.2022 09:04
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија...

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ја почнува серијата консултации во рамките на уставната процедура за формирање на нова влада на Бугарија.
Први на консултации ќе бидат повикани претставници од најголемата партија во народното собрание – ГЕРБ-СДС.
Претседателот Радев најави дека нема да брза со консултациите и давање на мандатите, бидејќи 48. Народно собрание на Бугарија има за завршување многу работа. Тој најави дека очекува партиите да ја преземат својата одговорност и да не ја дозволат грешката на 47. Народно собрание.
