Украина
Киев: Стотина Чеченци загинале во близина на Херсон
26.10.2022 09:57
Според украински извори во Херсон, кој е под руска окупација, во артилериски напади загинале повеќе од сто чеченски војници...

Според украински извори во Херсон, кој е под руска окупација, во артилериски напади загинале повеќе од сто чеченски војници. Чеченската единица била стационирана во училиште во село на другиот брег на реката Дњепар по повлекувањето од Херсон, а тие самите откриле каде се наоѓаат преку фотографии на социјалните мрежи.
Според чеченски медиуми членовите на полкот Кадиров биле гранатирани и дека околу стотина од нив биле убиени. Кадиров не го коментираше настанот, но го изрази своето незадоволство нарекувајќи го слаб пристапот на Русија кон Украина.
