Манила
Силен земјотрес ги погоди Филипини
26.10.2022 09:58
Земјотресот во близина на градот Долорес бил почувствуван и во главниот град Манила, на далечина од 330 километри...

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Филипините. Земјотресот во близина на градот Долорес бил почувствуван и во главниот град Манила, на далечина од 330 километри.
Биле евакуирани пациентите од меморијалната болница Маријано Маркос.
Во јули, земјотрес со јачина од 7 степени во истиот сектор предизвика лизгање на земјиштето во планинска област при што загинаа 11 лица, а стотици беа повредени.
