Енергетска криза
ЕСМ ги разгледува пристигнатите информации за набавка на природен гас
26.10.2022 10:16
Преку допис ќе се контактираат трите фирми коишто се пријавиле на тендерот да достават конечни понуди.

АД ЕСМ ги разгледува пристигнатите информации за набавка на природен гас за ноември, потребен за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, но и за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ-ТО, која произведува електрична, но и топлинска енергија за системот за парно греење.
Преку допис ќе се контактираат трите фирми коишто се пријавиле на тендерот да достават конечни понуди.
Засега, единствената комплетна понуда е на Макпетрол. ЕСМ првично планираше да набави гас за следниве шест месеци, односно за целата грејна сезона.
