Реална шанса за евро ракометна клубска историја
Последните скопски најмалку 60 ракометни шампионски ¼ финални минути, ќе бидат обоени црвено-црни. Фленсбург доаѓа на терен каде се што значеше европски клупски врв, си заминаа без целосен учинок.

Тешко ќе биде в сабота во арената Борис Трајковски, се дадоа малку голови во Флансбург, што од една страна е позитивно, се неутрализира германскиот брз напад. Филип Лазаров токму за тој дел од натпреварот вели..”Тие се навикнати да даваат по два гола во минута, се нервираа со нашата спора тактички добра игра. Ако тие на други мечеви давале по два гола во една минута, со нас во последните 10 минути дадоа два гола.“
Од друга страна се влегува во кнап ситуација, кој налага потребни најмалку два плус со помалку погодоци, или уште подобрата варијанта, позитива вардарова од три и нагоре. Простор за филозофија голема нема. Едноставен и конкретен е во размислите првиот човек на Вардар, Раул Гонзалес кој вели-”Сега не можеме многу да менуваме, зошто ако многу менуваме може да постигнеме контра ефект, треба да ја играме нашата игра со максимално залагање на играчите од првата до 60-тата минута и се надевам на позитивен резултат. За секоја топка ќе мораме да се бориме максимално, зошто играме со германска екипа, а знаеме како играат германците.“
Јасна е силината на противникот, но шансата за македонска и европска историја ја имаат вардарци на дланка.
”Ако кажам дека на овој меч немаме што да изгубиме, веројатно таа изјава нема да помине, бидејќи имаме што да изгубиме, имаме поволен резултат и влогот е фајнл-фор. Ова ќе биде еден посебен меч, еден посебен испит, многу тежок испит за нас, можеби најтежок до сега.“-додава Лазаров.
Најдобро би било нашите од сам старт фуриозно да загризат и да не го пуштат од заби последниот залак кој значи влез, во големата шампионска клупска ракометна 4-ка.
