Краток прекин во работата на РЕК Осломеј
Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред сè со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола, информираат од ЕСМ...
РЕК Осломеј е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира. Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани, пред сè со поинтензивно производство на двата блока во РЕК Битола, информираат од ЕСМ.
Се очекува РЕК Осломеј повторно да биде на мрежа од сабота. Од компанијата напоменуваат дека РЕК Осломеј во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020 година во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.
Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 GWh. Со тоа РЕК Осломеј го исполни и го надмина планот за производство за 2022 година.
