Митинг на ДПА во Гостивар
„Максимално ќе се залагаме да докажеме која партија кај албанците е мала а која голема.

На 27-ми ќе го запреме зулумот што го направи во овој реон Али Ахмети“, рече вечерва во Гостивар, Мендух Тачи претседател на ДПА и носител на пратеничката листа на ДПА во 6-тата изборна единица,на предизборниот митинг на кој заради силниот дожд единствен говорник беше Тачи.
„Вашите проблеми ќе ги решиме на 27 заприл. Во овој реон ќе престанат зулумите на Али Ахмети и на ДУИ.да го запреме големиот зулум во Гостивар. Барам ваш ангажман за да го тргнеме ова зло. Да ја покажеме силата да и кажеме „да“ на слободата“, рече Мендух Тачи претседател на ДПА.
„Мораме максимално да се ангажираме на денот на изборите.ви благодарам многу што дојдовте и останавте на ова невреме.тоа е знак за нашата сила“, рече Мендух Тачи претседателот на ДПА на предизборниот митинг во Гостивар.
