Украина

Сирените за тревога секојдневие во Херсон

26.10.2022 12:23

Според украински извори во Херсон, кој е под руска окупација, во артилериски напади загинале повеќе од сто чеченски војници...

По осум месеци војна, сирените за тревога се секојдневна рутина во Украина. Засолништата станаа втор дом за многу жители, а дел се принудени да се кријат во подрумите во Миколаев.

„Во текот на денот кога одиме дома, готвиме нешто, се миеме, а потоа околу 18 часот доаѓаме овде. Секоја вечер легнуваме и броиме колку експлозии има, а потоа читаме на телефоните каде се случило. Сакам да бидам дома, да се опуштам во мојот кревет, дома.“

Според украински извори во Херсон, кој е под руска окупација, во артилериски напади загинале повеќе од сто чеченски војници. Чеченската единица била стационирана во училиште во село на другиот брег на реката Дњепар по повлекувањето од Херсон, а тие самите откриле каде се наоѓаат преку фотографии на социјалните мрежи.

„Пукаат кон нас цело време. Но, сега е малку подобро. Колку повеќе пукаме, толку помалку пукаат во нас“, вели член на пешадијата.

„Тие се обидуваат да ги исплашат луѓето да се спротивстават на нашата влада. Тие потоа се предаваат или почнуваат да преговараат со нив“, рече мајор на украинската армија.

Русија: Ќе ги спроведеме планираните нуклеарни вежби.

САД соопштија дека очекуваат Русија да изврши пробни лансирања на проектили за време на годишните вежби „гром“ на нивните стратешки нуклеарни сили. Русија ги известила САД за нивните планови за вежбите. Русија е обврзана однапред да обезбеди известување за таквите лансирања на ракети, велат американските власти. Русија пред Советот за безбедност на Oбединетите нации ја обвини Украина дека се подготвува да употреби т.н. „валкана бомба“ направа со радиоактивен материјал. Украинскиот претседател Зеленски пак, ја обвини Русија дека таа планира таков напад.

Марина Ристова