МВР
Дојава за бомба во пет училишта во Скопје- учениците евакуирани, полицијата на терен
26.10.2022 13:06
Утринава од страна на пет училишта во Скопје е пријавено дека нивните меил адреси се упатени закани за поставени бомби...

Во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.
Од полицијата велат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
