Собрание

Продолжува дебатата за изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа

26.10.2022 14:05

Во Собранието продолжува дебатата за изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Власта и опозицијата преку изборот за нов министер со обвинувања едни кон други кој ветил, а кој реализирал повеќе проекти за граѓаните…

Кој повеќе бил и е успешен на локално и на централно ниво. Кој повеќе направил за граѓаните кој не направил ништо. Во атмосфера на обвинувања меѓу опозицијата и власта се одвива дебатата за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Ако сте толку успешни гласајте за распуштање на парламентот побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи ѝ на власта дека ниту е јака, ниту ефикасна за Пенов да ја зајакне.

Пратениците од СДСМ ги броеја успесите на нивните градоначалници со тврдење дека оние од ВМРО-ДПМНЕ ги наследиле нивните проекти, па или не ги завршиле, или како што велат, се кителе со туѓи перја.

За изборот на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа пријавени се 40-тина пратеници за дискусија. Изборот ќе се одолговлечи бидејќи пратениците покрај дискусијата имаат голем број на реплики и контрареплики.

Миле Ристески