Случај Тот

Лекари од КАРИЛ сведочеа за убиството на ракометарот Денис Тот

26.10.2022 14:07

Денис Тот бил донесен без знаци на живот и без срцева акција, а причините за смртта ги утврдил Институтот за судска медицина...

Дури и да знаеле дека ракометарот Денис Тот има сериозна повреда на вратот, лекарите кои го реанимирале ќе го лекувале на истиот начин. Ова го потврди докторката Маја Мојсова Миовска, која во улога на сведок беше сослушана на рочиштето. Појасни дека Тот бил примен во животозагрозувачка состојба. Која повреда била фатална, лекарката не кажа, но потврди дека смртта настапила како резултат на престанок на работата на срцето или дишењето.

Како сведок на одбраната, исказ даде и лекарката Билјана Андоновска, вработена во КАРИЛ. Таа рече дека пациентот бил донесен без знаци на живот и без срцева акција, а причините за смртта ги утврдил Институтот за судска медицина. За убиството на спортистот обвинети се тројца. Се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје по кратка расправија го претепале ракометарот по што тој починал следниот ден.

Анита Димитријевска Велковска