Митинг на ДУИ во Тетово

24.04.2014 23:32

И на 27-ми април ќе му речеме не на едностраниот претстедател, зашто ние сакаме многу подобар избор од понуденото. Сакаме една фигура една личност за целата држава која зближува, а не која што разделува.

Лидерот на ДУИ и носител на листата од шестата изборна единица Али Ахмети пред жителите на Тетово го повтори ставот дека ДУИ ќе му остане верна на референдумот на албанците од 13-ти април се до исполнување на својата цел. Па го прозва својот опонент за погрешни тези и проекти што ги пласира на митинзите.

„Станува збор за нашиот опонент. Тој вели, јас ќе влезам во владата. Да ќе влезеш во владата, никој не ти забранува. Никој не може да ти забрани, секој граѓанин има право да влезе во владата. Уште повеќе што секој петти, секој трети месец, владата организира посети на граѓаните, посети заради подобри идеји и тогаш оди, секој кој сака да оди. Ние не велиме, не бараме да бидеме дел од владата, ние бараме мандат од албанците. Ние го бараме легитимитетот од албанците. Која политичка сила ќе го добие тој легитимитет ние ќе и подадеме рака, ќе и посакаме успех и ќе застанеме зад неа, ама не и онаа без легитимитетот од албанците, не и на онаа која е без поддршката на албанците “, рече Али Ахмети

Ахмети посочи дека ДУИ 12 години не познава порази затоа побара членството и симпатизерите да се мобилизираат за да обезбедат, односно да ја запечатат најголемата историска победа до сега.  Ја побара поддршката за овој мандат кој според него ќе ја одреди иднината на земјата во нато и во ЕУ, за подобро образование, економија, инфраструктура и за развој.