Германската влада го претстави законот за легализација на канабисот
Министерот за здравство на Германија го претстави планот за легализирање на марихуана, според кој на полнолетните граѓани ќе им биде дозволено да поседуваат до 30 грама за лична рекреативна употреба...

Министерот за здравство на Германија го претстави планот за легализирање на марихуана, според кој на полнолетните граѓани ќе им биде дозволено да поседуваат до 30 грама за лична рекреативна употреба.
Поединците ќе смеат да одгледуваат марихуана во ограничен обем, при што секој ќе може да посади најмногу три стебла.
Марихуаната ќе се продава во специјализирани продавници и можеби во аптеки, но нејзиното рекламирање ќе биде забрането. Се очекува владата да го поднесе предлог-законот на крајот на оваа или на почетокот на следната година, но тој ќе мора да добие и одобрение од ЕУ.
