Билатералните протоколи директно засегнуваат во националното и идентитетско изразување
Да се осудат и отфрлат преспанскиот и договорот за пријателство бидејќи ја негираат македонската нација рекоа говорниците на трибината посветена на протоколите со Бугарија и влијанието врз македонската наука и образование. АСНОМ нема да биде веќе антифашистичка, туку граѓанска војна, а Илинденското востание – бугарско, доколку се вметнат бугарите во Уставот...

Билатералните протоколи со Грција и Бугарија директно засегнуваат во националното и идентитетско изразување и постоење на македонскиот народ – оценуваат од Здружението на историчарите. На дебата насочена за импликациите на договорите со Бугарија и Грција – академската фела порача документите кои го оспоруваат зборот македонизам треба да се отфрлат.
Преку Договорите и протоколите со соседите, Ние сами сме се согласиле да ја уништиме македонската посебност вели професорката Котлар. Според неа со постоењето на како што таа ги нарече квази комисии кои преговараат за историските факти се уништува и научната афтономија, а со чекорите кои водат до отворање на Уставот и внесување на Бугарите во него, се доведува во прашање и сувереноста на државата.
Мораме да спротивставиме на политичките влијанија – порача Универзитетскиот професор Митко Панов.
Научната дебата беше организирана од Здружението на историчари на Македонија кои повикаа на општествено обединување.
Марина Т. Стојанова
