Македонија

Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион

26.10.2022 14:59

Локалните и централните власти со теренска посета на градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца, општина Тетово, што се реализира во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион. Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада, а имплементиран од УНДП. Оттаму посочија дека природните катастрофи не можат да се запрат, но преку управување со ризикот, ранливоста на заедниците може и мора да се намали…

За Меди Ахмеди од Шипковица сè уште со свежи сеќавања од катастрофалнтие поплави, кои го зафатија тетовско во 2015-та година. Загуби двајца внуци, откако Шипковачка река се излеа и затрупа дел од селото, со наноси од земја и камења. По седум години започнати се превентивни активности. Се регулира реката. Ахмеди вели дека процесот е задоцнет, но добро е што власта не нè заборавила.

Министерот за животна средина, Нуредини заедно со швајцарската амбасадорка и претставник на УНДП, направија теренска посета на градежните работи за регулирање на поројот во село Шипковца. Посочија дека преку програмата за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, опфатени се повеќе ризични зони на Шар Планина.

И додека институциите ги регулираат речните корита, Шара е сардисана од бесправна сеча и дивоградби, што е голем ризик фактор за свлечишта и поплави. Градоначалникот на Тетово Касами е свесен за ваквата состојба, но институциите според него работаат на терен.

Проектот за подобрување на отпорноста од поплави е финансиран од Швајцарската амбасада, а имплементиран од УНДП. Оттаму посочија дека локалните власти треба да планираат стратешки и да бидат подготвени, брзо да одговорат на кризи за да го заштитат населението.

Зоран Димовски