Македонија
Дојави за бомби во пет училишта во Скопје, МВР презема мерки
26.10.2022 15:09
Евакуирани пет средни училишта во Скопје. На електронските адреси им биле испратени дојави за поставени бомби. Во тек се антитерористички проверки. МВР презема мерки за расчистување на случајот...
Пет средни училишта во Скопје добиле дојава за поставени бомби. Полицијата презема мерки, евакуирани учениците, професорите и персоналот. Се извршуваат антитерористички проверки. Катерина Топалова известува за дојавите за поставени бомби.
