Радев ги почна консултациите со партиите за врачување на мандатот
Прво разговараше со ГЕРБ-СДС, како најголема пратеничка група во Народното собрание. Радев најави дека нема да брза да го предаде првиот мандат, со надеж дека партиите ќе постапат разумно и ќе ги надминат разликите, за да постигнат стабилно мнозинство.

Бугарскиот претседателот Румен Радев ги почна консултациите со партиите застапени во парламентот, пред да го врачи првиот мандат за формирање на владиниот кабинет.
Прво разговараше со ГЕРБ-СДС, како најголема пратеничка група во Народното собрание. Радев најави дека нема да брза да го предаде првиот мандат, со надеж дека партиите ќе постапат разумно и ќе ги надминат разликите, за да постигнат стабилно мнозинство.
Кај партиите песимизам дека е можно формирање стабилна влада. Дел од нив дури прогнозираат нови избори, кои би се одржале на 5-ти март, идната година. Според анкетата на „Алфа ресрч“, 52 насто од граѓаните сметаат дека нема да се формира влада, а 43 проценти се оптимисти.
