Лажна е дојавата за поставени бомби во скопските училишта
Околу пладне, во СВР Скопје први се јавиле од Гимназијата „Орце Николов“ да пријават дека добиле заканувачка порака. Десетина минути се јавиле уште четири средни училишта дека добиле иста порака на електронската пошта, а неколку часа подоцна пораката ја пријавиле уште три на територијата на главниот град...

Лажна дојава за бомба пристигна на електронската пошта во осум училишта во Скопје. Околу пладне, во СВР Скопје први се јавиле од Гимназијата „Орце Николов“ да пријават дека добиле заканувачка порака. Десетина минути се јавиле уште четири средни училишта дека добиле иста порака на електронската пошта, а неколку часа подоцна пораката ја пријавиле уште три на територијата на главниот град.
Вознемирувачката информација брзо се пренесе и ги збуни и наставниците и училишниот персонал.
Месецов, лажна дојава за бомба пристигна и во ЈСП, кога вработен пријавил оти има експлозија во еден од автобусите затоа што со неговите колеги немале земено плата.
Катерина Топалова
