Путин порача: „Ќе има последици“

24.04.2014 23:47

Во случај на напад, украинската војска е подготвена за борба, порача министерот за надворешни Дешчица, по најновата закана од Русија која повторно одржува воена вежба, уште поблизу на украинската граница.

Во меѓувреме, продолжува операцијата за преземање контрола врз Славјанск, каде што беа убиени петмина проруски активисти што предизвика жестока реакција на Москва.

„Ако воената машинерија не запре денес, тоа ќе доведе до голем број загинати и повредени. Вежбите на НАТО во Полска и другите балтички земји не помагаат за стабилизирање на ситуацијата“, изјави Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија

Рускиот претседател Путин порача – ќе има последици. Употребата на војска против народот е сериозно злосторство што не си го дозволи ни соборениот Јанукович против демонстрантите на Мајданот. Израелскиот премиер Нетанјаху во интервју побара од палестинската администрација да се откаже од договорот за влада на единство со Хамас ако сака да продолжат мировните договори.