МВР
Претрес во Битола, приведен дилер на дрога и оружје
26.10.2022 17:43
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава...

Денеска во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
