Италија
Владата на Џорџа Мелони доби доверба од Сенатот
26.10.2022 21:29
За време на вечерашното гласање во Сенатот, 115 сенатори гласаа за поддршка на нејзиниот коалициски кабинет, а 79 гласаа против; петмина беа воздржани. На коалицијата и беа потребни најмалку 104 гласа за целосно мнозинство...

Новата италијанска екстремно десничарска влада на Џорџа Мелони лесно го доби вториот и последен од двата гласа за доверба во парламентот.
За време на вечерашното гласање во Сенатот, 115 сенатори гласаа за поддршка на нејзиниот коалициски кабинет, а 79 гласаа против; петмина беа воздржани.
На коалицијата и беа потребни најмалку 104 гласа за целосно мнозинство.
Долниот дом на италијанскиот Парламент вчера ја поддржа владата на Мелони.
