Зеленски: Соборени околу 250 руски хеликоптери
Украинските трупи држат два клучни града во Донбас и покрај силните руски напади вели претседателот Зеленски...

Украинските трупи држат два клучни града во Донбас и покрај силните руски напади вели претседателот Зеленски.
„Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени. Најжестоките битки се во регионот Доњецк: насока Бахмут, Авдијивка. Лудоста на руската команда сега е највидлива таму, ден по ден со месеци, ја концентрираат максималната моќ на артилериските напади таму. Сите наши војници кои држат позиции во овие правци во регионот Доњецк се едноставно херои“, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Според Зеленски од почетокот на војната украинските сили собориле околу 250 руски хеликоптери, додавајќи дека Русија нема да може да закрепне од таквите загуби. Во меѓувреме украинските вооружени сили почнаа големо прегрупирање во правец на Запорожје и подготвуваат напад.
