„Тајм“: Бијонсе највлијателна годинава

24.04.2014 23:55

Списанието „Тајм“ ја објави листата 100 највлијателни луѓе за 2014 година.

На врвот и на насловната страница годинава се најде пејачката Бијонсе, бидејќи ја разбранува музичката индустрија. Рамо до рамо со неа се светски позннати политичари и бизнисмени.

„Тоа се луѓе што ги уриваат границите во сопствениот домен. Претседателот Путин беше главен во вестите годинава со агресивните чекори во Украина и начинот на којшто го држи Западот на штрек“, изјави Радика Џоунс, заменик уредник на „Тајм“.

На листата највлијателни се и папата Франциско како морален водач, а од политичарите Обама, Меркел и Хилари Клинтон.