Svet

Маск влезе во седиштето на „Твитер“ носејќи мијалник

27.10.2022 11:12

До крајот на неделата Маск има рок да ја договори зделката вредна 44 милијарди долари за купување на компанијата или да се соочи со судење.

Милијардерот Илон Маск синоќа го посети седиштето на компанијата „Твитер“  во Сан Франциско, а тоа го документира со објава на оваа социјална мрежа.

Тој објави видео на кое се гледа како влегува во просториите на „Твитер“ носејќи ни помалку ни повеќе туку мијалник.

„Влегувам на Твитер. Нека потоне тоа“, напиша тој.  Фразата „ Let that sink in“ во буквален превод би значела „нека потоне внатре“, а на секојдневниот англиски значи грубо „нека потоне“.

До крајот на неделата Маск има рок да ја договори зделката вредна 44 милијарди долари за купување на компанијата или да се соочи со судење.

Тој веќе си ја промени биографијата во „шеф на Twitter“.