Економија

Се очекува намалување на цената на одредени производи

27.10.2022 12:14

Млекото, маслото за јадење, лебот и бисквитите најверојатно ќе поевтинат. Министерот за економија Бектеши и претставници на прехранбената индустрија на состанок договорија компаниите да добиваат поевтина струја преку ЕСМ продажба...

Млекото, маслото за јадење, лебот и бисквитите најверојатно ќе поевтинат. Министерот за економија Бектеши и претставници на прехранбената индустрија на состанок договорија компаниите да добиваат поевтина струја преку ЕСМ продажба, којашто е главен инпут при формирање на финалната цена што ја плаќаат граѓаните.

Државата има механизми, доколку овие индустрии не ги стабилизираат цените на пазарот да реагира соодветно. Сè уште во игра е и замрзнување на цени.

Од Сојузот на Стопански комори велат, оваа мерка е само прв чекор, потребни се и други, но очекуваат стабилизирање на пазарот и пониски цени и до 10 проценти.

Домашното производство на струја ќе се зголеми. Бектеши потврди дека од први ноември со работа почнува и термоелектраната Те-То, којашто дава и електрична и топлинска енергија, па затоа ги увери граѓаните дека радијаторите ќе им бидат топли.

Катерина Топалова