Митинг на СДСМ во Велес

25.04.2014 00:14

Да се избориме заедно, заедно сите сплотени да ја градиме оваа држава беше речено на митингот на социјал демократкиот сојуз пред граѓаните на Велес.

Ќе се бориме за Македонија затоа што таа ни е и мајковина и татковина. Наше е да ги охрабриме граѓаните, ова е наша земја, ние немаме друга земја ниту имаме друг народ. Граѓаните од нас очекуваат  да ја водиме битката да бидеме предводници до крај, храбри, да ги охрабриме. Храбрите луѓе живеат вечно, но уплашените умираат секој ден, рекоа од Социјал демократскиот сојуз пред велешани. 

Кандидатските листи за предвремените парламентарни изборни во 6 те изборни единици се составени од луѓе од различни професии но докажани во своите области велат од СДСМ. Пред граѓаните на Велес се обрати и Марјанчо Николов кој е носител на листа во третата изборна единица, кандидатот за претседател предложен од социајл демократскиот сојуз Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Рекоа дека понудиле чесен концепт кон сите, искрен однос кон граѓаните со верба во промените за нов почеток.