Русија-Украина

Продолжуваат жестоките битки

27.10.2022 12:50

Украинските војници се спротивставуваат на новите напади на руските сили во два источни града, додека силите на јужниот фронт се подготвуваат за битката за стратегискиот регион Керсон. Официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека таму ќе се води една од најпоследните битки во војната...

Украинските трупи држат два клучни града во Донбас и покрај силните руски напади, тврди украинскиот претседател Зеленски.

„Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени. Најжестоките битки се во регионот Доњецк: насока Бахмут, Авдијивка. Лудоста на руската команда сега е највидлива таму, ден по ден со месеци, ја концентрираат максималната моќ на артилериските напади таму. Сите наши војници кои држат позиции во овие правци во регионот Доњецк се едноставно херои“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Руските трупи продолжуваат да го гранатираат Бахмут во обид да ги потиснат украинските сили од градот. Таму нема струја и вода, а речиси сите продавници се затворени или уништени.

„Се надевавме дека оваа војна ќе заврши или дека ќе имаме некои услови за живот. Но, немавме никакви услови минатиот месец. А времето беше многу лошо, имаше само 6 степени целзиусови во нашите станови“, рече жител на Бахмут.

„Некои луѓе што заминаа, се преселија кај своите деца или браќа и сестри, имаа каде да одат. Но ние немаме каде да одиме, затоа сме тука“, вели жителка на Бахмут.

Русите ги нападнаа Киев и Запорожје. Во централниот дел на земјата се погоди енергетски капацитети. Украинската офанзива во Херсон е забавена поради временските услови и конфигурацијата на теренот.

„Училиштето е уништено. Се разбира дека е тажно, сè е тажно. Ние само сакаме да победиме што е можно поскоро и да почнеме да обновуваме“, рече пожарникар.

Во меѓувреме, Москва го предупреди Западот дека ако во војната се користат комерцијални сателити од САД или нивни сојузници, тие ќе станат легитимна цел.

Марина Ристова