САД
Пентагон: Успешно лансиравме ракета
27.10.2022 13:09
Американската морнарица и армија истрелаа проектил од центарот за лансирање ракети на островот Валопс на НАСА во Вирџинија, за да тестираат десетина експерименти со хиперсонично оружје...

Американската морнарица и армија истрелаа проектил од центарот за лансирање ракети на островот Валопс на НАСА во Вирџинија, за да тестираат десетина експерименти со хиперсонично оружје.
Пентагон тестот го нарече успешен и изјави дека целта е да се помогне во развојот на нова класа на оружје.
САД и нивните ривали ја забрзаа трката за развој на хиперсонично оружје како нова генерација на оружје што го намалува времето на реакција на противниците.
