Во Штип ќе се гради најголемата фотоволтаична централа во регионот
Француска компанија ќе инвестира во изградба на најголемата фотоволтаична централа во регионот која ќе биде лоцирана во Штип. Францускиот амбасадор вели дека оваа инвестиција ќе резултира со енергетска независност на Македонија и брз напредок во производството на „зелена“ енергија и декарбонизација...

Во Штип ќе се гради најголемата фотоволтаична централа во поширокиот регион со моќност од 400 мегавати електрична енергија на час. Се работи за инвестиција вредна неколку стотици милиони евра на француската компанија „Акио“.
Фотоволтаичната централа ќе се гради на локација каде беше планиран карго аеродромот, но откако планот се смени, сега таму е лоциран соларниот парк „Стипион“. Плодните површини ќе се користат и за производство на храна, онаму каде ќе се утврди дека земјиштето е плодно, истото ќе се обработува под фотоволтаичните панели.
Техничките подготовки за оваа инвестиција се при крај, стартот на изградбата зависи од тоа кога Собранието ќе го донесе специјалниот закон за оваа стратешка инвестиција.
Славица Величковска
