ВМРО ДПМНЕ во Кочани
„Денес е убав ден за Македонија објавен е влез на нова инвестиција која ќе вработи 5 илјади граѓани, ќе гради фабрики во криво паланечкиот регион“, најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
„За само 3 ипол недели влез на странски инвестиции најавија 9 компании кои ќе ги отворат вратите за 13 илјади работни места. Така работи ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „за подобра Македонија“, рече Никола Груевски пред кочанчани.
Вели, има уште една убава вест а тоа е дека Заев објавил дека нема да си даде остравка од претседателската функција во СДСМ.
„Посакувам в недела да излезете уште по масовно и да гласате, вие го трасирате патот на иднината, од вас зависи по кој пат ќе продолжи Македонија“, порача претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Ѓорге Иванов во Кочани.
