Партиите за договорот со ФРОНТЕКС

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да се извини за пласираните невистини за јазикот

27.10.2022 14:10

Пратениците од СДСМ на собраниските колеги им го поделија договорот со Фронтекс и побараа ВМРО-ДПМНЕ да се извини за пласираните невистини за јазикот. Од партијата велат, ова е историски момент зашто е прв официјален договор со ЕУ потпишан на македонски јазик...

Пратениците од СДСМ на собраниските колеги им го поделија договорот со Фронтекс и побараа ВМРО-ДПМНЕ да се извини за пласираните невистини за јазикот. Од партијата велат, ова е историски момент зашто е прв официјален договор со ЕУ потпишан на македонски јазик, без какви било додавки и појаснувања.

„Се потврди дека одлуката којашто ја донесовме за отпочнување преговори со ЕУ, со заштитени македонскиот јазик и идентитет е државничка и патриотска“, велат Социјалдемократите.

Македонскиот јазик е завршена работа, признаен е од Обединетите Нации и кодифициран со сите јазични и научни нишани и поради тоа, ова прашање никој не треба ниту да го отвора, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за потпишаниот договор со ФРОНТЕКС. Според него, документот е само еден од стотиците коишто се потпишани во минатото.

По потпишувањето на договорот за Фронтекс, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ги обвини Борисов и Петков дека ја предале бугарската кауза и дозволиле легитимирање, на како што ја нарече, „лагата македонски јазик“.

Игор Панов