Медиумска писменост

Медиумската писменост дел од студиските програми

27.10.2022 14:20

Четири факултети годинава ќе ја вклучат медиумската писменост во постоечките студиски програми...

Четири факултети годинава ќе ја вклучат медиумската писменост во постоечките студиски програми. Целта е идните студенти и наставници да се обучат да ги пренесат своите вештини за критичко толкување на медиумските содржини.

Вклучувањето на медиумската писменост во студентските програми е од особена важност, зашто ја зацврстува врската помеѓу високото и пониските степени на образование.

Медиумската писменост е важна за секој граѓанин и секој мора да научи да функционира во свет во којшто сме бомбардирани со различни информации, но и дезинформации.

Александра Спировска