Тајните имоти на функционерите во фокус на пратеничките прашања
Жестока седница за пратенички прашања во Собранието. Опозицијата ја обвини власта за аферата „Тајни имоти“. Велат- повеќе од 100 функционери не поднеле анкетни листови. Премиерот Ковачевски одговори- обвинуваат оние кои имаат нелегално партиско седиште за што има судска пресуда. Првата антикорупционерка признава дека комисијата функционира со ограничени ресурси, па побара реформи и подобра соработка со Власта...

Зошто ги штитите функционерите кои го кријат својот имот и дали и вие криете нешто-го праша опозицијата премиерот Ковачевски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски побара одговор дали преку бледите соопштенија, неместо разрешувања се испраќа порака дека во државата може да се прави криминал. Тој со директно обраќање до премиерот за неговиот удел во „Пиксел груп“.
Ме прашува пратеник од партија која има стекнато дворец на криминален начин вреден 7 милиони евра, возврати Ковачевски. Кон ВМРО-ДПМНЕ беше уште подиректен-кога се зборува за имот, првин треба да се погледне во сопствениот двор.
За неподнесувањето анкетните листови се пожали и претседателката на Антикорупциска, Ивановска. Посочи дека нема голема соработка со Владата, дека се потребни реформи, и дека се доцнело со софтверските решенија во Комисијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикаа Комисијата за антикорупција да отвори случај по допрен глас за аферата „Тајни имоти“, во вредност 30 милиони евра.
Миле Ристески
