Водовод и канализација

Препукувања на релација Димовски - Митовски

27.10.2022 14:29

Претседателот на ССМ Димовски изнесе дека Митовски не ги исполнува условите да биде вршител на јавна функција поради правосилната пресуда за извршено кривично дело. Митовски ги демантира обвинувања на Димовски, велејќи дека нема пресуда за него, а првиот синдикалец шири лаги бидејќи на неговата сопруга Лила Димовска која е вработена во „Водовод и канализација“ и се одземени привилегиите...

Помина рокот кој вработените на Водовод и го дадоа на градоначалничката Арсовска да го испочитува нивното синдикално барање и да го разреши од функција в.д. директорот Митовски, кого тие го обвинуваат дека со закани и уцени раководи со претпријатието.

Претседателот на ССМ Димовски изнесе како што рече, уште еден доказ дека Митовски не ги исполнува условите да биде вршител на јавна функција поради правосилната пресуда за извршено кривично дело.

Митовски ги демантира обвинувања на Димовски, велејќи дека нема пресуда за него, а првиот синдикалец шири лаги бидејќи на неговата сопруга Лила Димовска која е вработена во „Водовод и канализација“ и се одземени привилегиите.

„Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии ѝ се одземени и сега не може да се богати семејството Димовски. Парите кои досега ги добивале како плата, отсега ќе мора навистина да ги заработат, вели Митовски и најави тужба за Димовски.

Димовски одговори дека жена му не користела мобилен телефон и службено возило, а ако е така нека поведат дисциплинска постапка.

Утре Сојузот на синдикати на Македонија ќе одржи состанок на кој треба да се донесе одлука за штрајк на вработените во ЈП „Водовод и канализација“.

Марина Т. Стојанова