Македонија

Нови дојави за подметнати бомби во осум скопски училишта

27.10.2022 14:44

Евакуација на учениците и наставниот кадар во осум скопски училишта. Повторно електронски пораки со дојава за поставена бомба ја прекинаа наставата...

Нови најави за подметнати бомби во осум средни училишта во Скопје. Веќе се евакуирани учениците и наставниот кадар.

Вчера антитерористичката единица на МВР по деталната проверка утврди дека беше лажна дојавата за бомба во осум училишта на територијата на Скопје. Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје, а подоцна ја испратил уште во три училишта. Во сите беа евакуирани учениците.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово изјави дека истрагата за вчерашните пријави за бомби е во тек и познати се првите податоци за тоа од каде се испратени тие пораки.