Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестемина пријавени кандидати
Ќе има нов оглас, Советот на јавни обвинители не избра ниту еден од пријавените шестмина за обвинители за гонење организиран криминал и корупција. Има тројца кандидати за шефови на вишото јавно обвинителство. На седми ноември ќе се знае кој ќе го раководи...

Советот на јавните обвинители не избра ниту еден од шестемина пријавени кандидати за обвинители во основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Ова обвинителство останува и понатаму без четворица обвинители. Кандидатите, Милица Гаврилова, Арсим Адеми, Маја Коневска, Елизабета Јосифовска, Верица Крстевска и Златко Биковски при гласањето не го добија потребното мнозинство. Првиот човек на советот Јолевски вели, набрзо ќе распишеме нов оглас.
Во меѓувреме, на огласот за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје се пријавени тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза. Според Јолевски до 7-ми ноември треба да заврши постапката за избор на шеф обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства.
Наташа Г. Петрушевска
