Во ТИРЗ за пет години доделени 75,5 милиони евра државна помош, нотираат ревизорите
Во документот е наведено дека странските инвестиции имаат позитивно влијание во стопанството, но констатирано е дека се потребни потранспарентни критериуми за определување на висината на помошта, бидејќи се доделува без проценка за исплатливоста...

Во последните пет години, Дирекцијата за слободни економски зони има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија. Од нив, 37,5 милиони се директно исплатени средства од Буџетот, а 38 милиони се даночни и царински ослободувања.
Во документот е наведено дека странските инвестиции имаат позитивно влијание во стопанството, но констатирано е дека се потребни потранспарентни критериуми за определување на висината на помошта, бидејќи се доделува без проценка за исплатливоста.
Државата има формирано 14 технолошко индустриски развојни зони. Во периодот на ревизијата во функција биле осум, а во нив се вложени околу 100 милиони евра.
