Неуспешен шверц на злато
9.000 швајцарски франци и 400 грама златен накит, открија мобилните царински тимови при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски таблички на граничниот премин Табановце. Откако патниците изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, царинските службеници извршиле претрес на двајцата патници, македонски државјани, при што во торбичка биле пронајдени 14.400 швајцарски франци. Потоа била извршена и контрола на возилото, при што биле пронајдени 2 златни прстени, 2 златни нараквици и 1 златен ѓердан, со вкупна тежина од речиси половина килограм.