Повторно дојави за поставени бомби во училиштата, истрагата напредува
Втор ден по ред, дојави за поставени бомби ги испразнија школите. Дел од учениците вознемирени, други не ја исклучуваат можноста да пријавил нивен соученик...

Учениците и наставниот кадар евакуирани, антитерористички тимови на терен во проверка на веродостојноста на заканата, којашто околу 14 часот пристигнала на електронските адреси на училиштата.
Втор ден по ред, дојави за поставени бомби ги испразнија школите. Дел од учениците вознемирени, други не ја исклучуваат можноста да пријавил нивен соученик.
Истрагата на полицијата напредува. Министерот Спасовски во интервју за Јавниот сервис, рече дека имаат првични сознанија.
Спасовски очекува најстроги казни за сторителот или сторителите на овој, како што го нарече, монструозен чин.
Ана Ј. Тодоровска
