Свет

„Девојката со бисерна обетка“ мета на еко-активисти

27.10.2022 20:31

„Состојбата на сликата ја анализира нашиот реставратор. За среќа, ремек-делото беше заштитено со стакло и не беше оштетено“, велат од музејот...

Познатата слика на Јоханес Вермер „Девојката со бисерна обетка“ денеска беше мета на еко-активисти кои ги користат уметничкитр дела за да го изразат својот протест во последните неколку недели, но ремек-делото остана неоштетено.

„Состојбата на сликата ја анализира нашиот реставратор. За среќа, ремек-делото беше заштитено со стакло и не беше оштетено“, велат од музејот.

Холандската полиција соопшти дека три лица биле уапсени во музејот Мауритшуис во Хаг, откако на видео објавено на Твитер, се гледа како маж истура нешто што личи на домат од конзерва, додека друг се обидува да ги залепи рацете на бесценета слика.