Изминатите два дена украинските сили соборила речиси 30 беспилотни летала
Битките во Украина продолжуваат. Најмалку едно лице е повредено во руски ракетен напад врз административна зграда во јужниот украински град Миколаев, соопштија официјални украински лица...

Битките во Украина продолжуваат. Најмалку едно лице е повредено во руски ракетен напад врз административна зграда во јужниот украински град Миколаев, соопштија официјални украински лица. Украинскиот претседател Зеленски соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила речиси 30 беспилотни летала, вели масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина. Досега Русија извршила повеќе од осум илјади воздушни напади и истрелала 4.500 проектили предизвикувајќи големи штети и недостиг на електрична енергија во огромен дел од земјата.
„Им благодарам на чуварите на нашето небо и на сите што учествуваа во собирањето средства за да се соборат овие летала. Заедно ќе им ги исечеме крилата на сите метални чудовишта, без разлика колку и од каде летаат во правец на Украина“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
САД и сојузниците ја критикуваа Русија дека го троши времето на Советот за безбедност на ОН со ширење заговори и повторување на обвинувањата за воени биолошките програми на Официјален Вашингот во Украина. Русија сега се залага за официјална истрага, подготвувајќи резолуција на Советот за безбедност за формирање комисија составена од сите 15 членови на Советот за да ги испита нејзините тврдења.
