Ирак
Ирак доби нова влада
28.10.2022 09:35
По неколкумесечна политичка нестабилност, Ирак доби нова влада на чело со Мохамед Шија Ал Судани...

По неколкумесечна политичка нестабилност, Ирак доби нова влада на чело со Мохамед Шија Ал Судани. Со именувањата во кабинетот, парламентот ја одобри владината програма која вклучува измена на изборниот закон во рок од три месеци од положувањето заклетва.
Документот, исто така, повикува на мерки за борба против корупцијата, забрзување на реконструкцијата на областите оштетени од вооружените конфликти и враќање на раселените во нивните домови, како и елиминирање на неконтролираното оружје.
Во Ирак се одржаа предвремени избори пред повеќе од една година, како резултат на масовните антивладини протести кои започнаа во октомври 2019 година.
