Србија

600 бебиња во Србија добиле солен раствор наместо БСЖ вакцина

28.10.2022 09:36

Поради грешка на медицинска сестра, наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во Белград во периодот од септември до октомври добиле физиолошки раствор, соопшти вчера новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ...

Поради грешка на медицинска сестра, наместо БСЖ вакцина, 600 бебиња во Белград во периодот од септември до октомври добиле физиолошки раствор, соопшти вчера новоименуваната министерка за здравство Даница Грујичиќ.

Според здравствените власти, децата не се загрозени, а вакцината ќе ја примат во наредниот период. Министерката соопшти и дека се назначени тројца лекари кои ќе се погрижат правилно да се изврши вакцинацијата. Директорот на клиниката „Народни фронт“ понудил оставка, но таа не била прифатена.